Фејсбук и Тик Ток треба да платат казна на судот во Москва

Илустрација

Платформата Мета која е сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и апликацијата Тик Ток ќе треба да платат парични казни на судот во Москва поради тоа што не избришале содржини поврзани со ЛГБТ заедницата, а кои што руската влада ги смета за нелегални.

Со пресудата на судот, Мета мора да плати 52.800 долари затоа што не ги тргнале материјалите од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм што „ја пропагираат ЛГБТ заедницата“ и претставуваат „навреда на националното знаме и грбот на Русија“.

Во одвоено рочиште, судот во руската престолнина пресуди дека Тик Ток мора да плати 26.400 долари како казна за неотстранување на содржината за која судот утврди дека „пропагира хомосексуални односи“.

Одлуките на судовите беа донесени на барање на медиумскиот регулатор Роскомнадзор, кој ги заостри мерките против медиумите и слободата на говор низ целата земја откако Русија ја започна својата војна во Украина на 24 февруари.

Рускиот суд минатиот месец ги прогласи платформите на Мета за „екстремистичка организација“, со што практично ги забрани Фејсбук и Инстаграм.

Обвинителите тогаш рекоа дека Мета „намерно дозволила говор на омраза против Русите. Руските власти веќе го блокираа пристапот до Фејсбук откако тој блокираше неколку објави на државните медиуми.