Судот во Москва донесе одлука со која се запленува имотот и се замрзнуваат банкарските сметки на рускиот огранок на Гугл како гаранција против можна судска одлука во врска со тужба поднесена против американскиот технолошки гигант од страна на подружница на холдингот Гаспром-Медиа.
Московскиот градски арбитражен суд соопшти дека шест дена претходно донел одлука за преземање на имотот на Гугл, чија вредност е околу 6,6 милиони долари.
Новинари и активисти ставени во регистарот на странски агенти на Русија
Компанијата подружница на Газпром-медиа, GPM Entertainment TV, го тужи Гугл поради одбивањето да го врати пристапот до неговиот канал на YouTube. Таа бара финансиска компензација за штетата и бара да и се врати пристапот до нејзиниот канал.
Во тужбата се именувани и Google Ireland Ltd, Google LLC и Google Commerce Ltd.
На почетокот на март, неколку дена откако Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари, Google ги блокираше каналите на YouTube на неколку руски државно финансирани медиуми во Европа и ја исклучи програмата на руските блогери, вклучувајќи ги YouTube Premium и YouTube Music пакетите .
Претседателот на Гугл за глобални прашања, Кент Вокер, во блог пост за време на блокирањето на каналите рече дека „во оваа криза преземаме вонредни мерки за да го запреме ширењето на дезинформации и да ги попречиме кампањите за дезинформација на интернет“.
Во тој период биле блокирани и каналите на GPM Entertainment TNT и NTV на YouTube.