Нови 21 случај на ковид, починато едно лице

Илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19. Оздравени се 89 оздравени пациенти, а починало едно лице од Прилеп на 72 годишна возраст во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561.