Гутереш повика на прекин на огнот во Украина

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повторно повика на прекин на огнот во Украина и предупреди на влијанието на војната на Русија против нејзиниот сосед врз безбедноста на храната ширум светот.

„Ние сме исклучително заинтересирани да најдеме начини за да создадеме услови за ефективен дијалог, да создадеме услови за прекин на огнот што е можно поскоро, да создадеме услови за мирно решение“, рече Гутереш на почетокот на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва.

Лавров рече дека двајцата ќе разговараат за „ситуацијата околу Украина која делува како катализатор за голем број проблеми што се насобраа во последните децении во евроатлантскиот регион“.

Гутереш подоцна ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин пред да отпатува за Киев за да се сретне со украинските лидери.