Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во понеделникот постигнал договор за купување на Twitter за 44 милијарди долари. Со овој договор социјалната мрежа Твитер е целосно под контрола на најбогатиот човек на светот. Претходно, извори изјавија за Ројтерс дека Твитер е подготвен да се согласи да биде продаден на Илон Маск за околу 43 милијарди долари во готовина, цена што извршниот директор на Тесла ја нарече „најдобра и последна понуда“. По вестите за разговорите, акциите на Твитер пораснаа за четири насто на отворањето на берзата во понеделникот. „Се надевам дека моите најголеми критичари ќе останат на Твитер, бидејќи тоа значи слобода на говорот“, напиша Маск на Твитер пред официјалната потврда за купувањето.
Елон Маск сака да ги купи сите акции на „Твитер“
Маск, најбогатиот човек во светот според Форбс, преговарал за купување на Твитер во свое лично својство, а неговата компанија Тесла не е вклучена во бизнисот. Договорот го прекинува функционирањето на Твитер како јавна компанија која на пазарот влезе во 2013 година. Маск изјави дека Твитер мора да биде приватен за да расте и да стане вистинска платформа за слобода на говор. „Слободата на говорот е основа на функционална демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде што се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, наведе Маск во соопштението. Претходно, тој нагласи дека главен приоритет за него ќе биде да ја елиминира „армијата на ботови“ на Твитер. Тој исто така нагласи дека платформата треба да биде повнимателна кога одлучува дали да ги отстрани твитовите или трајно да ги забрани корисниците.