Денеска во Софија ќе се одржи конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот“. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“. Учесниците на форумот ќе се фокусираат врз поврзаноста меѓу земјите од Западен Балкан како гарант за отпорност кон новите ризици и закани. На форумот во Софија ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, како и министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.
Османи во Берлин повикал на итна деблокада на македонските евроинтеграции
Бугарско МНР: Ја информиравме Македонија дека нивните предлози се неприфатливи
Заедно со нив учество ќе земат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан Стјуарт Пич. Видео обраќање до учесниците ќе има генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и вицепремиерката на Украина Олга Стефанишина. Оливер Вархеји ќе има разговори со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Најавено е дека по Софија Вархеји ќе престојува во Скопје.