КСС од денеска на едночасовни протести

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски

Конфедерацијата на слободни синдикати- КСС најави дека од денеска започнуваат секојдневни протести. Денешниот марш ќе започне во 16 часот од Собранието до Владата. Претседателот на КСС, Благоја Ралповски вчера изјави дека ќе протестираат сѐ додека не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите со минималната плата. „Од утре излегуваме на улица секој ден доколку утре до 12 часот не се случи нешто, секој ден од 16 до 17 часот се до остварување на нашите барања. Овие денови помина онака незабележително, се донесе нов Закон за административни службеници во кој што има срамно покачување од 100 до 200 денари. Јавната администрација е донесена до социјална категорија и во овој момент кога имаме огромна инфлација и зголемени животни трошоци, вработените во јавниот сектор не можат да го издржат“ изјави Ралповски за Канал 5 телевизија.

СОНК и Владата се договорија за 12 отсто покачување на платите

ССМ на средба во Владата за линерано зголемување на платите во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Макдонија- ССМ пред некој ден на средба во Владата побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор, утврдување регрес или К-15 во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата и методологија за усогласување на сите останати плати согласно порастот на минималната плата.