Генералниот секретар на ОН Гутереш во Москва

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска, како што е најавено, ќе ја посети Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, со надеж дека ќе разговара за тоа што може да се направи за да се постигне мир во Украина. Тој вчера престојуваше во Анкара каде што беше примен од претседателот Реџеп Таип Ердоган. Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс претходно изјави дека Турција е достоен домаќин на хуманитарните разговори меѓу Украина и Русија.

Шефот на ОН побарал да биде примен од Путин и Зеленски

Според најавите, Гутереш в четврток во Киев треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба. Зеленски во неделата ја критикуваше одлуката на Гутереш да оди во Москва пред да го посети Киев, велејќи дека „нема правда и логика во овој редослед“. „Војната е во Украина, нема тела на улиците на Москва. Би било логично прво да се дојде во Украина, да се видат последиците од окупацијата“, рече Зеленски.