Вархеји во посета на Софија, па на Скопје

Еврокомесарот Оливер Вархеји

Еврокомесарот Оливер Вархеји

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји од денеска до 28 април ќе ги посети Хрватска, Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Во календарот за негови активности на веб страницата на Европската комисија е наведено дека Вархеји за време на престојот во Загреб, Софија, Скопје и Тирана ќе одржи билатерални разговори, а во Софија ќе учествува и ќе се обрати на Самитот ЕУ-Балкан.

Во исто време со Вархеји утре во Софија ќе престојува и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Османи денеска е во посета на Берлин каде што со официјални претставници на Германија разговара за европското досие на С. Македонија и потребата од итна деблокада на процесот на проширување.

Патот на Македонија кон ЕУ последно е блокиран пред околу две години, со бугарското вето. Бугарија тврди дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, а меѓу барањата е и ставање на Бугарите во македонскиот Устав.