Блинкен и Остин во Киев најавија поголема воена помош од САД

Претседателот на Украина Володимир Зеленски (во средината) за време на состанокот со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин (лево) и американскиот државен секретар Ентони Блинкен (десно). Киев, 24 април 2022 година

Соединетите држави најавија нова воена помош за Украина и обновен дипломатски ангажман во земјата опустошена од војната. Ова е најавено во првата американска посета на највисоко ниво на Киев по инвазијата на Русија кон крајот на февруари. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин му кажаа на претседателот на Украина Володомир Зеленски и на неговите советници дека САД ќе обезбедат повеќе од 300 милиони американски долари за странско воено финансирање и одобрена продажба на муниција од 165 милиони долари.

Трет месец руска офанзива - велигденски молитви за заробените Украинци

Тие исто така рекоа дека Бајден наскоро ќе го објави својот кандидат за амбасадор во Украина и дека американските дипломати кои ја напуштиле Украина пред војната ќе почнат да се враќаат во земјата во следната недела. Амбасадата на САД во Киев засега ќе остане затворена. Украина побара тешка артилерија од Западот за новата фаза од војната, која ќе се одвива на огромните рамни полиња во регионот. Администрацијата на Бајден веќе најави неколку милијарди воена и економска помош за Украина од почетокот на војната, вклучително и уште 800 милиони долари на 21 април.