Москва постигна само мал напредок откако го префрли својот воен фокус врз целосно окупирање на источна Украина, објави британското Министерство за одбрана во својот редовен билтен на 25 април. „Русија постигна мал напредок во некои области откако го префрли својот фокус врз целосно окупирање на Донбас. Без доволно логистичка и борбена поддршка, Русија допрва треба да постигне значителен пробив“, се вели во извештајот.
Трет месец руска офанзива - велигденски молитви за заробените Украинци
Британското воено разузнавање, исто така, забележа дека одлуката на руското Министерство за одбрана да предложи компензацијата за семејствата на загинатите војници да биде надгледувана од воените власти наместо од цивилната администрација „веројатно ја одразува желбата да се сокријат вистинските размери на загубите на Русија од домашното население“.