Воените трошоци во светот за прв пат лани надминаа 2 трилиони долари

илустрација

Вкупните глобални воени трошоци лани се зголемија за 0,7 отсто и достигнаа 2.113 милијарди долари. Петте најголеми трошачи во минатата година беа САД, Кина, Индија, Британија и Русија, според денеска објавените нови податоци за глобалните воени трошоци од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Лани, како што се наведува, беше седма година по ред како што се зголемуваат воените трошоците. „Дури и во услови на економски последици од пандемијата ковид-19, светските воени трошоци достигнаа рекордни нивоа“, вели Диего Лопес да Силва, виш истражувач за воени трошоци и производство на оружје на СИПРИ. „Имаше забавување на стапката на реален раст поради инфлацијата. Во номинална смисла, сепак, воените трошоци пораснаа за 6,1 насто“.

Џугуманов – Директно вмешување на НАТО во Украина може да доведе до Трета светска војна

Воените трошоци на САД изнесуваа 801 милијарда долари во 2021 година, што е пад од 1,4 насто во однос на 2020 година. Русија ги зголеми своите воени трошоци за 2,9 отсто, на 65,9 милијарди долари. Ова беше трета година по ред на раст и воените трошоци на Русија достигнаа 4,1 насто од БДП во 2021 година. „Високите приходи од нафта и гас и помогнаа на Русија да ги зголеми своите воени трошоци во 2021 година. Расходите беа во пад помеѓу 2016 и 2019 година како резултат на ниските цени на енергијата во комбинација со санкциите како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година“, изјави Луси Беро-Судро, директорка на Програмата за воени трошоци и производство на оружје на СИПРИ.