Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во работна посета на Германија, во чии рамки ќе се сретне со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман. Исто така е најавена и негова средба со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања. Покрај тоа, во агендата се предвидени средби и со советниците на германскиот Канцелар Олаф Шолц – Јенс Плотнер, за надворешна политика, и Ундине Руге, за ЕУ прашања.
Османи разговарал со Ескобар за македонско- бугарските односи
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ. Патот на Македонија кон ЕУ последно е блокиран пред околу две години, со бугарското вето. Бугарија тврди дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, а меѓу барањата е и ставање на Бугарите во македонскиот Устав.