Руските сили истрелаа серија проектили во пристанишниот град Одеса на Црното Море, соопштија украинските воени претставници и советникот на Министерството за внатрешни работи на Украина.
Украинските воени претставници денеска соопштија дека два проектила погодиле воен објект во градот и две станбени згради.
Антон Герашченко, официјален советник на Министерството за внатрешни работи, на својот канал Телеграм денеска изјави дека била погодена повеќекатната станбена зграда и дека таа гори. Тој исто така рече дека три лица биле убиени.
Овие извештаи не можеа веднаш да бидат независно потврдени.
Ова се случува веднаш откако висок руски воен функционер изјави дека Москва планира да преземе целосна контрола врз источниот регион Донбас и јужниот дел на Украина за време на нејзината нова воена офанзива.
Рустам Минекаев, вршител на должноста командант на Централниот воен округ, вчера беше цитиран од официјалните руски државни медиуми како вели дека целосната контрола на јужна Украина е стратешка цел да се дозволи пристап до прорускиот отцепен регион на Молдавија Трансдњестар, кој граничи со Украина. .
За Москва да има копнен пристап до Трансдњестар, руската армија ќе мора да ги освои градовите Одеса и Миколајев.