Твитер најави нова забрана за огласувачите кои го негираат научниот консензус за климатските промени, нарекувајќи ја ваквата платена содржина удар за важата глобална дискусија.
Влијателните бесплатни социјални медиуми станаа цел на зголемените напори за отстранување на говорот на омраза, дезинформациите и другите штетни содржини.
„Рекламите не треба да одвлекуваат од важните разговори за климатската криза“, објави гигантот на социјалните мрежи на Денот на планетата Земја, 22 април.
Ова е дел од движењето меѓу социјалните мрежи за борба против лажните вести за политички, но научно- информативни теми како климатските промени или вакцините.
Новата политика на Твитер е слична на забраната за „реклами што промовираат или се прикажуваат заедно со неточни тврдења за климатските промени“ што е на сила од октомври кај пребарувачкиот гигант Гугл.
Се чини дека Твитер не го менува она што корисниците можат да го објавуваат во кратките пораки што го направија една од најдобрите апликации во светот со околу 200 милиони дневно активни корисници.
Од компанијата најавија дека Твитер ќе обезбеди повеќе информации за она што го смета за „сигурен, авторитативен контекст за климатските разговори“ во наредните месеци.
Европската унија на 23 април објави договор со кој ги обврзува технолошките гиганти подобро да го проверат таквиот материјал или ќе се соочат со неодредени последици.