Русија призна за еден загинат меѓу екипажот на потонатата „Москва“ и 27 исчезнати

Oштетениот руски крстосувач „Москва“

Руското Министерство за одбрана призна дека еден член на екипажот загинал, а 27 се водат како исчезнати како резултат на пожар на ракетниот крстосувач „Москва“ минатата недела.

Останатите 396 членови на екипажот се евакуирани на други бродови на Црноморската флота, соопшти Интерфакс, цитирајќи го соопштението од руското министерство.

Откако потона бродот се појавија извештаи, во кои сведочат роднини на морнарите кои служеле на крстосувачот, за мртви или исчезнати.

Министерството соопшти дека им пружа помош на роднините на починатите и исчезнатите.

Русија на 14 април призна дека „Москва“ потонала, припишувајќи ја катастрофата на пожар кој бил предизвикан од детонација на муниција на бродот.

Руското министерството тврди дека целиот екипаж од 500 лица бил евакуиран од бродот, за кој Украина и САД рекоа дека потонал откако украинските сили го погодиле бродот на 13 април со најмалку една ракета Нептун.

Висок функционер на Пентагон на 15 април изјави дека загубата на бродот е „голем удар“ за Москва.

Официјалниот претставник тогаш рече дека се верува дека нападот предизвикал жртви, но тешко е да се процени колку.