Зеленски: на Украина и требаат 7 милијарди долари месечно за да ги надомести загубите од војната

Володимир Зеленски

На Украина и се потребни 7 милијарди долари месечно за да ги надомести економските загуби предизвикани од руската инвазија, рече претседателот Володимир Зеленски на 21 април во виртуелно обраќање до лидерите на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Зеленски изјави дека руските сили имаат за цел да ги уништат „сите објекти во Украина кои можат да послужат како економска база за живот. Тоа вклучува железнички станици, магацини за храна, нафта, рафинерии." Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас рече дека проценката на банката за штетата на зградите и инфраструктурата во Украина е 60 милијарди долари. Ова не ја вклучува штетата за украинската економија од војната, рече Малпас, истакнувајќи дека „војната сè уште трае, така што тие трошоци растат“.

Бајден најави нова воена помош за Украина

Американскиот секретарот за финансии Џенет Јелен, која претходно се сретна со украинскиот премиер Денис Шмихал, рече дека новата инфузија на помош од 500 милиони долари што претседателот Џо Бајден ја најави претходно на 21 април ќе и помогне на владата во Киев да продолжи да плаќа плати, пензии и да дава услуги. Помошта и е неопходна на владата да продолжи да функционира во услови на тековната руска инвазија, рече Јелен. Таа додаде дека потребите на Украина се итни, а Вашингтон знае дека „ова е само почеток на она што Украина ќе треба да го обнови“.