Над 5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната

Илустрација

Повеќе од 600.000 луѓе се внатрешно раселени во Украина во првите 17 дена од април, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција, со што вкупниот број раселени од почетокот на војната достигна повеќе од 7,7 милиони, или 17 отсто од населението.

Извештаи за присилно преселување Украинци во Русија

Новата проценка направена од 11 до 17 април покажа дека најмалку 60 отсто од раселените лица се жени. Повеќе од половина главно во источна Украина велат дека немаат доволно храна.

Според податоците на ОН по руската инвазија на 24 февруари повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштиле Украина.