Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе оддели уште 800 милиони долари воена поддршка за Украина за да и помогнат на земјата да се брани од руските сили во регионот на Донбас.
Бајден рече дека оружјето ќе оди „директно во првите линии на одбраната на слободата“ за поддршка на храбрите украински сили и цивили кои се борат против руската инвазија во регионот.
Пакетот за помош вклучува тешко оружје, како што се артилерија, хаубици и беспилотни летала.
Соединетите Држави, исто така, ќе продолжат да споделуваат навремени разузнавачки информации со украинските сили и ќе ја олеснат испораката на оружје од другите сојузници и партнери ширум светот.
Бајден најави и 500 милиони долари директна економска помош што САД ќе и ја дадат на Украина за да и помогнат на земјата да ја стабилизира својата економија.