Четири автобуси кои пренесуваат евакуирани цивили го напуштиле опколениот пристаништен град Мариупол, соопшти украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Во Мариупол, кој се наоѓа на Азовското Море, се уште има украински бранители и многу цивили кои се засолниле во индустрискиот комплекс Азовстал.
„Четири автобуси за евакуација вчера успеаја да го напуштат градот преку хуманитарниот коридор“, рече вицепремиерката Ирина Верешчук во изјавата на Телеграм, додавајќи дека евакуацијата на жените, децата и постарите лица ќе продолжи и на 21 април.
Се верува дека во градот има околу 100 илјади заробени цивили, а се очекуваше на 20 април да се евакуираат околу 6.000 со 90 автобуси, но вистинскиот број на евакуирани е многу помал.
Верешчук на 20 април рече дека неуспехот правилно да се воспостави хуманитарниот коридор се должи на „неорганизираноста и небрежноста на руските сили“.
Досега имаше неколку обиди за создавање хуманитарен коридор од Мариупол.