Британскиот премиер Борис Џонсон ќе понуди да ѝ помогне на Индија да ја намали зависноста од руската нафта и одбранбената опрема за време на неговата дводневна посета на Њу Делхи која почна денеска. На своето прво патување во Индија како премиер Џонсон ќе разговара за зајакнување на безбедносната соработка на состаноците со премиерот Нарендра Моди. Во пресрет на руската инвазија на Украина, западните сојузници ја повикаа Индија да се изјасни против војната. Индија, која е најголемиот светски купувач на руско оружје и увезува руска нафта, се воздржа на гласањето во Обединетите нации со кое се осудува инвазијата и не воведе санкции кон Москва. Моди изрази загриженост за убиствата на цивили.
САД- Кина да помогне да се стави крај на руската војна во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден му рече на Моди претходно овој месец дека купувањето повеќе нафта од Русија не е во интерес на Индија. И покрај тоа што Индија се приближи до Западот во последниве години, земјата сè уште зависи од Русија за повеќе од половина од снабдувањето со оружје во услови на застој на границата на Хималаите со Кина и трајни тензии со Пакистан. Џонсон ќе престојува во Индија со одек на работите во Лондон, каде што беше обвинет за намерно заведување на парламентот за забавите во Даунинг Стрит за време на мерките против коронавирусот. Тој ќе го пропушти денешното гласање во парламентот за тоа дали треба да биде упатен на парламентарна истрага.