Членовите на парламентот во Финска отворија дебата за тоа дали да аплицираат за членство во НАТО, откако руската инвазија врз Украина предизвика наплив на политичка и јавна поддршка за пристапување во воената алијанса. „Времето за решенија е сега“, изјави финската премиерка Сана Марин, додавајќи: „Единството е најдобрата гаранција за безбедноста“. Таа во минатата недела рече дека одлуката на Финска ќе се случи „во рок од неколку недели, а не во рок од неколку месеци“. Шведска исто така разговара дали да поднесе кандидатура за членство по руската инвазија на 24 февруари.
Шведска и Финска се движат кон членство во НАТО
200-те пратеници на финскиот парламент минатата недела добија „бела книга“ нарачана од владата во која се оценуваат импликациите од членството во НАТО заедно со другите безбедносни опции, како што се зголемените билатерални договори за одбрана. Извештајот не дава препораки, но нагласува дека без членството во НАТО, Финска не ужива безбедносни гаранции и покрај тоа што моментално е партнер на Алијансата. По две децении јавна поддршка за членството во НАТО, која остана стабилна на 20-30 проценти, војната предизвика пораст меѓу оние кои се за над 60 проценти, според анкетите.