Францускиот претседател Емануел Макрон ја критикуваше неговата противкандидатка Марин Ле Пен во синоќешната телевизиска дебата пред вториот круг од претседателските избори во земјата на 24 април. Макрон, кој на анкетите води пред лидерката на екстремната десница Ле Пен, укажа на заемот земен од партијата на Ле Пен во 2014 година од руско-чешка банка, велејќи дека долгот значи дека, доколку биде избрана за претседател, рацете на Ле Пен ќе бидат врзани кога ќе станува збор за Кремљ. „Направивте избор кој, очигледно, делуваше како ограничување на вашата политичка позиција и не ве прави независни по тоа прашање. Тоа е факт“, рече Макрон.
Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен осомничена за проневера на пари
Ле Пен го нарече Макрон „нечесен“ што го покрена ова прашање. Таа се опиша себеси како „целосно слободна“ и рече дека нејзината партија го отплаќа заемот. Од своја страна, Ле Пен се обиде да им се допадне на гласачите кои се борат со зголемените цени среде последиците од руската војна во Украина. Таа рече дека намалувањето на трошоците за живот ќе биде нејзин приоритет доколку биде избрана за прва жена претседател на Франција.