Русија за прв пат ги лансираше своите нови интерконтинентални балистички ракети Сармат, соопшти руското Министерство за одбрана. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека оружјето е уникатно и ќе ги принуди оние што сакаат да ја загрозат Русија да размислат за тоа. Во соопштението се наведува дека ракетата била лансирана од постројката во Плесецк на северот на Русија и дека нејзините боеви глави погодиле цели на полигонот Кура на крајниот исток на полуостровот Камчатка.
Русија успешно тестирала ново нуклеарно оружје
„Сармат“, според официјални лица, е ракета способна да пробие секоја потенцијална противракетна одбрана и има намера да ја замени ракетата „Дјук“ од советско производство, која Западот ја нарече Сатана. Путин рече дека Сармат ќе ѝ ја обезбеди безбедноста на Русија од надворешни закани и ќе ги натера двапати да размислат оние кои во жарот на агресивна реторика се обидуваат да ја загрозат неговата земја.