Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, и со тоа кревање на рампата за отворање на пристапните преговори со Европската унија. Ова се темите кои биле во фокусот на телефонскиот разговор на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи со заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, соопшти МНР.
„Во контекст на актуелните безбедносни предизвици, процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука постигнувањето напредок во евроинтегративните процеси на Северна Македонија е најсигурна инвестиција во стабилноста во земјава и регионот, посочи Османи, соопштуваат од МНР.
Ексобар- Неопходно е забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ
Османи ја нагласил потребата за зајакнато американско присуство во регионот како силна гаранција за регионалната и европската безбедност