Европскиот парламент со Резолуција ќе изрази жалење што Србија не се приклучила кон санкциите на Европската Унија по руската инвазија врз Украина. Во Резолуцијата Европскиот парламент ќе ги повика новоизбраните власти во Србија „да покажат вистинска посветеност на вредностите на Европската унија и да се усогласат со одлуките и позициите на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, вклучително и со санкциите против Русија“.
Во нацрт Резолуцијата во која имаше увид Радио Слободна Европа, а чиј автор е известувачот за Србија, Владимир Билчик, е наведено дека европратениците се „длабоко загрижени“ поради ширењето на дезинформации за руската агресија врз Украина и затоа ги повикуваат српските власти и Европската комисија да ја поддржат инфраструктурата за борба против дезинформациите и другите хибридни закани.
Извештаи за присилно преселување Украинци во Русија
Европскиот парламент со Резолуција ќе ги повика српските власти да дејствуваат против глорификацијата на осудените воени злосторници и да престанат со секоја реторика и дејствија што го поткопуваат интегритетот на соседните земји и ја загрозуваат регионалната стабилност и помирувањето.
ЕП изразува жалење поради континуираниот притисок врз судството и јавното негирање на пресудите за меѓународни воени злосторства и го повикува новоизбраното мнозинство да ги зајакне гаранциите за независноста и ефикасноста на судството како приоритетно прашање.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во врска со неодамнешните претседателски и парламентарни избори во Србија, во нацртот се поздравува зголемениот одѕив на гласачите и враќањето во плуралистички парламент, но се изразува жалење за силно поларизирана политичка средина на кампањата која се карактеризирала со ограничен медиумски плурализам и притисок врз гласачите.