Над сто шишиња со масло од канабис вчеравечер биле украдени од крушевска фирма во стечај која до лани имала лиценца за производство на медицински канабис. Од полицијата велат дека кражбата е пријавена вчера околу пладне од раководителот на агенцијата која го обезбеудвала објектот а пријавено е дека се украдени 108 шишиња полнети со различна количина на масло од канабис и 6 кеси со цветови од канабис чија тежина не е прецизирана.
„ Во периодот од 18:30 часот на 18.4.2022 до 6:30 часот на 19.4.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на село Алданци, Крушевско, било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цветот од растението канабис“ се вели во соопштението од МВР.
Три македонски банди го држат црниот пазар со дрога
Во него се посочува дека на терен излегле извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полицијата запленила 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра
Опозицијата тврди дека вредноста на украденото масло е 2 милиони евра.
Ова е втор грабеж во оваа компанија. Лани беа украдени 60 килограми канабис вреден 100 илјади евра.