СОНК-Владата врши притисок, штрајкот продолжува

Штрајкот во детските градинки, основното и средното образование продолжува. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека Советот на СОНК смета дека предлогот на Владата за зголемување на платите од 10 насто со цел да биде прекинат штрајкот во образованието не водат кон подобрување на состојбите и со нив се врши силен притисок врз штрајкувачите.

„СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот, доколку владата ги почитува законите, и до септември односно по изминување на 6 месеци од донесувањето на минималната плата истата да се усогласи со гранските колективни договори, како што е впрочем предвидено во законот за минимална плата, а за волја на вистината до денешен ден, ниту еднаш не е испочитуван“, изјави Неделков.

Советот на СОНК смета дека со заклучоците од владината седница се спори правото на штрајк од аспект на запазување на законска процедура – според кој правен акт е организиран штрајкот и зошто е прекинат образовниот процес во градинките и училиштата.

Пандемија, онлајн, па штрајк - учениците изгубија навика за учење

„СОНК не чувствува никаква одговорност врз основа на кој акт е прекинат образовниот процес во градинките и училиштата, затоа што нема таква надлежност. Тоа значи дека СОНК не ја организира наставата и воспитно образовниот процес. Одредени министри ги заплашуваат вработените со кратење на дневниците кои штрајкуваат, што го сметаме за обид за спречување на штрајкот“ изјави Неделков.

Тренчевска - Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси

Тој објаснува дека државата како работодавач во време на штрајк законски е должна да исплати плата во целост во висина од основната плата на работникот, доколку синикатот организирал штрајк поради непочитување на работнички права.

Неделков посочи понудените 10 проценти зголемување во детските градинки и основното и средносто образование се бетонираат со заклучоци на владата и не се остава простор за дополнителни преговори. Сонк бара интензивирање на преговорите.

СОНК го започна штрајкот минатиот понеделник со барање за зголемување на платите и нивно усогласување со минималната плата, која од март изнесува 18.000 денари.