Еден затворски чувар загина, а најмалку четворица се повредени во експлозија на автобус кој превезувал затворски чувари во западна Турција. Автобусот бил кренат во воздух со импровизирана експлозивна направа, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Анадолија.
Засега не се знае дали станува збор за терористички напад.
Автобус кој превезувал речиси 30 луѓе, вклучително и затворски чувари, експлодирал во градот Бурса, на околу 150 километри југозападно од Истанбул, изјави за новинарите гувернерот на Бурса, Јакуп Канболат, пренесува ДПА.
Тој изјави дека при експлозијата тешко е повреден еден функционер. Споре него, проценките на властите се дека бомбата била поставена покрај патот во централна Бурса. Се верува дека бил користен уред за далечинско управување за да се активира додека минувал автобусот, рече гувернерот Канболат.
Властите истражуваат за да ги пронајдат сторителите, додаде тој. Гувернерот на Бурска вели дека при експлозијата се уништени околни станбени згради, но дека нема цивилни жртви.
Државната новинска агенција Анадолија сподели слики од автобусот со скршени стакла.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.