Руската Федерација го суспендира своето учество во финансирањето на Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина (ОХР), потврдуваат од Канцеларијата за Радио Слободна Европа.
„Во јули 2021 Руската Федерација најави дека повеќе нема да учествува на состаноците на Управниот одбор на Собранието за имплементација на мирот, а во февруари годинава ја информираше ОХР дека го суспендира учеството во финансирањето на Канцеларијата“, изјави за балканскиот сервис на РСЕ, Љиљана Радетиќ, портпаролка на ОХР.
ОХР посочува дека парите за нивното финансирање ги обезбедуваат земјите-членки на Советот за имплементација на мирот (ПИЦ), а буџетската година е од 1 јули годинава до 30 јуни следната година. Буџетот на ОХР за 2021/2022 година изнесува 5.327.627 евра, а Русија би требало да уплати 1,2 отсто или 63.600 евра.
ОХР посочува дека парите за нивното финансирање ги обезбедуваат земјите-членки на Советот за имплементација на мирот (ПИЦ), а буџетската година е од 1 јули годинава до 30 јуни следната година. Буџетот на ОХР за 2021/2022 година изнесува 5.327.627 евра.
ОХР наведува дека Европска унија финансира 54, 37 отсто од парите на Канцеларијата, САД – 22 проценти или 1,16 милиони евра, потоа следува Јапонија – 10 проценти или 530 илјади евра.