Зеленски: во тек е „Битката за Донбас“

украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинската војска соопшти дека руските сили започнале „агресивни акции“ долж речиси целата линија на фронтот во источна Украина, во како што изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, почетокот на долгоочекуваната офанзива во источниот регион Донбас. Украинските медиуми на 19 април објавија дека имало силно гранатирање долж линијата на фронтот во регионот на Доњецк во Маринка, Славјанск и Краматорск. Зеленски рече дека Русија ја започнала „Битката за Донбас“ во источна Украина и „многу голем дел од целата руска армија сега е фокусирана врз оваа офанзива“. „Без разлика колку руски војници ќе испратат таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме“, вети Зеленски во видео-обраќање на 18 април.

Жртви во Лвив, запрени конвоите за евакуација на цивили низ Украина

Највисокиот украински безбедносен функционер Олексеј Данилов изјави дека руските сили се обиделе да ја пробијат украинската одбрана „речиси долж целата линија на фронтот на регионите Доњецк, Луганск и Харков“. Руското Министерство за одбрана веднаш не ги коментираше последните борби. На 18 март, во серија руски ракетни напади врз воената инфраструктура во западниот украински град Лвив загинаа најмалку седум лица.