Русија се чини дека ја започне очекуваната нова офанзива во источна Украина, соопштија денеска украински воени претставници.
Генералштабот на украинската војска соопшти дека има „знаци за почеток на офанзивата во источниот театар на операции“. Се чини дека фокусот е на регионите Харкив и Доњецк.
„Утрината, по речиси целата линија на фронтот во регионите Доњецк, Луганск и Харкив, окупаторите се обидоа да ја пробијат нашата одбрана“, соопшти секретарот на Украинскиот совет за безбедност Олексиј Данилов во изјава за телевизија.
„Тие утрово го почнаа обидот за почеток на активната фаза“, рече тој.
Гувернерот на Луганск Серхиј Гајдај исто така пријави напади.
„Штотуку ја изгубивме контролата врз градот Кремина. Има улични борби“, рече тој, истакнувајќи дека евакуацијата веќе не е опција.
„Секој час се гледа дека ситуацијата се влошува“, рече тој.