Политичари, билдери и автоголови
МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски го прими во својот кабинет светскиот шампион во бодибилдинг, словакот Михал Крижанек, и со фотографија на Фејсбук се пофали дека немало победник во нивното т.н. буткање со рака. Крижанек во Македонија беше почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг.
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји си постигнале автогол со воведувањето санкции против Русија и дека санкциите довеле до влошување на економиите на Запад.
ЦРНА ГОРА - Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица, јавија подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
МАКЕДОНИЈА - Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10 проценти, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.
МАКЕДОНИЈА - Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија реагираат на отворањето на бугарскиот културен центар Иван (Ванчо) Михајлов во Битола, од страна на бугарскиот државен врв.
МАКЕДОНИЈА - Пензиониран полицаец е осомничен дека му се заканувал на министерот за внатрешни работи, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
ФРАНЦИЈА - Францускиот претседател, центристот Емануел Макрон и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, влегуваат во финалето на изборната кампања закажана за 24 април.
УКРАИНА - Украински официјални лица и медиуми објавија дека денека изутрината имало повеќе експлозии во главниот град Киев и во регионите на Лавов, додека руската инвазија на земјата продолжува.