Турција започна копнена и воздушна офанзива во северен Ирак

Турска нова офанзива врз позиции на Курдите во северен Ирак (архивска фотографија)

Турска нова офанзива врз позиции на Курдите во северен Ирак (архивска фотографија)

Турските сили започнаа нова копнена и воздушна прекугранична офанзива против курдските милитанти во северен Ирак, објави рано изутрината турскиот министер за одбрана. Турските воени авиони и артилерија нападнаа цели на Курдистанската работничка партија (ПКК), пред командосите - поддржани од хеликоптери и беспилотни летала - да преминат во соседниот регион, рече министерот за одбрана Хулуси Акар во видео објавено на веб-страницата на министерството. Акар тврди дека авионите „успешно“ погодиле засолништа, бункери, пештери, тунели, складишта за муниција и штабови на ПКК.

Турција спровела воздушни напади на курдска зона во Сирија

Засега нема изјава од курдската милитантна група, која има бази во северен Ирак и ја користи територијата за напади врз Турција. Десетици илјади луѓе се убиени откако ПКК го започна бунтот во мнозинскиот курдски југоисточен регион во Турција во 1984 година. ПКК е прогласена за терористичка организација од Соединетите држави и Европската унија.