Папата Франциск ја осуди бруталноста на војната во Украина

Папата Франциск

Папата Франциск за време на одбележувањето на Велигден ги повика лидерите да ја слушнат молбата на народот за мир во Украина критикувајќи ја Русија дека ја вовлекува земјата во „суров и бесмислен“ конфликт.

Говорејќи пред околу 50.000 луѓе на плоштадот Свети Петар за време на неговото обраќање, папата рече дека Украина е „силно погодена од насилството и уништувањето на суровата и бесмислена војна во која беше вовлечена“.

Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари. До вчера, според Обединетите нации, во земјата загинале 1.964 лица, а 2.613 биле ранети.