Велика Британија вели дека Русија е одлучна да ја принуди Украина да ја напушти својата евроатлантска ориентација и да ја потврди сопствената регионална доминација, и покрај тоа што оперативниот фокус на Москва се префрли на источна Украина.
Руските сили продолжуваат со распоредување на борбена опрема од Белорусија кон источна Украина, вклучително и на локации блиску до Харкив и Северодоњецк, објави британското Министерство за одбрана во својот редовен билтен на 17 април.
Руската артилерија продолжува да ги напаѓа украинските позиции низ источниот дел на земјата, каде Русија планира да ја обнови својата офанзивна активност, стои во билтенот на британското министерство.