Новинари и активисти ставени во регистарот на странски агенти на Русија

Илустрација

Руското Министерство за правда додаде неколку новинари, вклучително и некои кои соработувале со РСЕ/РЛ и двајца адвокати за правата на ЛГБТ во својот регистар на странски агенти.

Двајца истакнати новинари - Јуриј Дад, кој има популарен канал на YouTube, и Роман Доброхотов, главен уредник на истражувачката веб-страница Инсајдер се меѓу додадените во регистарот на странски агенти, соопшти Министерството на 15 април.

Новинарот на Инсајдер е веќе додаден во регистарот и казнет затоа што не означил дека неговата содржина е произведена од странски агент. Доброхотов рече дека веб-страницата нема да ги означува своите материјали бидејќи Инсајдер е регистриран во Латвија и не е обврзан да го следи рускиот закон.

Министерството за правда на 15 април го додаде и политичкиот карикатурист и сатиричар Сергеј Јолкин, чии цртежи редовно ги објавува РСЕ/РЛ, како и политичкиот аналитичар Екатерина Шулман во регистарот.

Додадени се и новинарите Карен Шаинјан, Алексеј Семјонов и Кирил Кругликов. Семјонов и Кругликов соработувале со Руската служба на РСЕ/РЛ.

Претседателот на РСЕ, Џејми Флај, ги осуди постапките на руската влада.

Русија го прошири и надогради законот за ширење на лажни информации

„Нападот на Кремљ врз вистината изгледа сè поочаен“, рече тој во изјавата дадена на 16 април.

„Јасно е дека режимот на Путин е загрижен за нивната способност да продолжи да ја крие вистината. И покрај овие назначувања, ние ги зголемуваме нашите напори да обезбедиме рускиот народ да има пристап до независни информации“, рече Флај.

Двајцата ЛГБТ активистки се Марија Сабунаева, шеф на Психолошката служба на руската ЛГБТ мрежа и феминистката Регина Џугкоева.

Оние кои се во регистарот мора да исполнат неколку барања, како што се поднесување финансиски извештаи и обврска да ги означат сите објави на социјалните мрежи. Прекршувањата подлежат на административна и кривична одговорност.

Министерството за правда, по вообичаената практика, не ги пријави причините за додавање на новинарите и работниците на својот список. Многумина од нив неодамна се изјаснија против руската инвазија на Украина.