Украдени шок бомби и солзавци од полициски магацин во Охрид

Илустрација

Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.

Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.

„Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување“, изјави Димоски.

Одделот за вантрешна контрола презема мерки за расчистување на случајот, а известен бил и јавен обвинител.