Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во посета на Битола

Македонија - Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи - Скопје 18.01.2022

Бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, денеска ќе ја посетат Битола каде што ќе присуствуваат на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“.

Делегацијата ќе промовира владини проекти на Бугарија на кои ќе им претходи средба на Петков со бугарски здруженија на граѓани во земјава. Петков ќе биде прв бугарски премиер кој ќе престојува во градот под Пелистер.

Османи – Има документ кој е прифатлив за нас, но се уште немаме договор со Бугарија

По свеченоста во Битола, Петков заедно со македонските министри за надворешни работи Бујар Османи и за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го посетат и извршат увид на електро-енергетскиот проект „Битола 2“ кој е во рамки на Коридор-8 и е наменет за реализација на интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија.