Властите во Мариупол денеска соопштија дека жителите на градот пријавуваат дека руските војници ги ископуваат телата закопани во дворовите на станбените згради и дека не дозволуваат нови погреби на „луѓето кои ги убиле“.
„За секој двор е одреден стражар кој не им дозволува на жителите на Мариупол да ги погребат своите мртви роднини или пријатели. Не е познато зошто се врши ексхумација и каде ќе бидат однесени телата“, наведоа властите на Мариупол на Телеграм.
Тоа тврдење не може независно да биде потврдено.
Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко неодамна за Асошиејтед прес изјави дека руските сили во градот донеле мобилна опрема за кремирање за да ги отстранат труповите на жртвите на опсадата.
Бојченко тогаш рече дека руските сили ги носат бројните тела во голем трговски центар во кој има складишта и фрижидери.
Русија ја обвини Украина за гранатирање на руската погранична област Брјанск
Мариупол повеќе од еден месец е жариште на жестоки борби меѓу украинските сили и руските напаѓачи, а во последните денови се водат тешки улични борби, Голем дел од градот на уништен.