Војна и политика

МОЛДАВИЈА - Молдавскиот парламент усвои закон со кој се забранува истакнување на руски воени симболи и се предвидуваат казни за прекршителите. Законот забранува истакнување на буквите Z и V, кои руските сили ги користат за време на инвазијата на Украина, како и рускиот воен симбол Ѓеоргиевска лента (црна и портокалова), пренесуваат руските медиуми. На фотографијата се прикажани блузи со знакот Z на тезга во Белград, Србија.

РУСИЈА - Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) побара од руската Влада да го зголеми финансирањето за погребни услуги и надгробни споменици на војниците. Од ФСБ бараат надоместокот за погребни услуги да се зголеми за 17 отсто, покажуваат документите неодамна објавени на владина веб-страница. Русија, најмногу што одвојува е 350 долари за погреб на војник во Москва и Санкт Петербург, додека за погреби на војници во други делови од земјата одвојува по 250 долари.

КОСОВО - Нападите што последните три дена се случија врз косовските полицајци во близина на границата со Србија во северно Косово биле изведени од српска територија, изјави косовскиот премиер Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

МАКЕДОНИЈА - Привремено се замрзнува имот во случајот Империја, соопшти Јавното обвинителство (ЈО). Станува збор за удели во Дивелоп Груп, Ексико, Бест веј инвестмент, Бизнис проперти инвестмент... Во предметот Империја се осомничени бизнисменот Орце Камчев, екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков и уште 11 други лица.

УКРАИНА - Властите на Украина денеска соопштија дека седум луѓе загинале, а 27 се повредени кога руските сили отвориле оган кон автобуси со цивили во украинското село Бороваја, во близина на Харкив. Русија негира. Кремљ соопшти дека ќе ги интензивира нападите на Киев.

МАКЕДОНИЈА - За време на состанок во февруари, Бугарија ја информираше Република Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат, се наведува во одговорот на бугарското Министерството за надворешни работи доставен до БГНЕС, во врска со вчерашната изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека постои документ што е одобрен од македонска страна и се чека одговор од властите во Софија.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин му врачиле дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата. Од Амбасадата изјавија дека овој, како што велат, непријателски чин ќе има последици врз одностите Русија - Северна Македонија.

ИЗРАЕЛ / ПАЛЕСТИНА - Најмалку 152 Палестинци се повредени во судирите со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, соопшти палестинската Црвена полумесечница, две недели по почетокот на светиот месец Рамазан.