Руската Федерална служба за безбедност бара повеќе пари за погреб на војници

Руски војници

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) побара од руската Влада да го зголеми финансирањето за погребни услуги и надгробни споменици на војниците. Од ФСБ бараат надоместокот за погребни услуги да се зголеми за 17 отсто, покажуваат документите неодамна објавени на владина веб-страница.

Рускиот сервис на Би-Би-Си прв извести за барањето на ФСБ.

Русија, најмногу што одвојува е 350 долари за погреб на војник во Москва и Санкт Петербург, додека за погреби на војници во други делови од земјата одвојува по 250 долари.

ФСБ бара отсега за погреби на војници да се одвојуваат по 400 долари за двата најголеми града и по 290 долари за остатокот од земјата.

Руската служба бара да се зголеми и надоместокот за надгробна плоча од сегашните 59 долари на 73 долари.

Барањето на ФСБ доаѓа откако Русија претрпе загуби на војници за време на нејзината инвазија на Украина, иако точниот број на загинати не е познат.

Украинската војска соопшти дека до 11 април биле убиени дури 19.500 руски војници.

Руското Министерство за одбрана во март процени дека биле убиени 1.370 војници.

Американските официјалните лица, пак, велат дека Русија изгубила најмалку 10.000 војници.

Во своето барање, ФСБ наведува дека услугите за погреб на војници не се вклучени во списокот на социјални услуги кои добиле годишно зголемување.

Годишната стапка на инфлација во Русија достигна 17,5 отсто на 8 април, што е највисока стапка на инфлација во последните две децении. Инфлација се зголеми во услови на санкции од Западот.