Властите на Украина денеска соопштија дека седум луѓе загинале, а 27 се повредени кога руските сили отвориле оган кон автобуси со цивили во украинското село Бороваја, во близина на Харкив.
Украинските безбедносни агенции работат на утврдување на околностите на нападот, соопшти регионалното обвинителство.
Истражителите исто така ги утврдуваат рутите и дестинациите на возилата кои превезуваат цивили преку териториите под контрола на руските сили околу селото Бороваја.
Обвинителството наведе дека е отворена кривична постапка во врска со сомнежите за „кршење на законите и обичаите на војување во комбинација со убиство со предумисла“.
Тврдењата на украинските власти не е можно независно да се проверат.