Шефот на ЦИА: САД не можат „лесно да ја сфатат“ руската закана со нуклеарно оружје

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс изјави дека заканата од Русија потенцијално да користи нуклеарно оружје во Украина не може да се земе лесно, но агенцијата не видела многу докази кои ја зајакнуваат таа загриженост. „Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот Путин и руското раководство, со оглед на неуспесите со кои се соочија досега, на воен план, никој од нас не може лесно да ја земе заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко нуклеарно оружје“, рече тој. Барнс зборуваше за „потенцијалниот очај“ и неуспесите на рускиот претседател Владимир Путин, чии сили претрпеа големи загуби и беа принудени да се повлечат од некои делови на северна Украина откако не успеаја да го заземат Киев.

Кремљ одбива да ја отфрли употребата на нуклеарно оружје

Од тие причини, „никој од нас не може лесно да ја земе заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко нуклеарно оружје“, рече Барнс. Кремљ соопшти дека ги ставил руските нуклеарни сили во состојба на готовност веднаш откако ја започна неиспровоцирната војна против Украина на 24 февруари, но Соединетите држави не виделе „многу практични докази“ за реалните распоредувања што би предизвикале поголема загриженост, додаде Барнс, зборувајќи со студентите на Универзитетот Џорџија.