Молдавија забрани истакнување на руски воени симболи

буквите „Z“ и „V“ руските сили ги користат за време на инвазијата на Украина

Молдавскиот парламент усвои закон со кој се забранува истакнување на руски воени симболи и се предвидуваат казни за прекршителите. Законот забранува истакнување на буквите „Z“ и „V“, кои руските сили ги користат за време на инвазијата на Украина, како и рускиот воен симбол „Ѓеоргиевска лента“ (црна и портокалова), пренесуваат руските медиуми. За јавно истакнување на овие симболи во Молдавија е предвидена казна од 250 до 500 долари. Пратениците на Блокот на комунисти и социјалисти беа против донесување на Законот, а тие во знак на протест не присуствуваа на гласањето.

Молдавија бара меѓународна помош за згрижување на бегалците од Украина

Романија кодомаќин на меѓународна конференција за поддршка на Молдавија

Проруски граѓани на Молдавија предводени од поранешниот проруски претседател Игор Додон во минатиот петок демонстрираа во Кишињев против усвојувањето на законот. „Ѓеоргиевска лента“ е дел од високите воени одликувања што ги доделуваа Руската империја и Советскиот Сојуз, а сега и Руската Федерација. Како симбол, тој доби значење во Русија во 2005 година, како одговор на „Портокаловата револуција“ во Украина. Во Русија оваа лента ја носат граѓаните како патриотски симбол и како симбол на поддршка на владата, а во Украина и балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија, лентата се смета за симбол на рускиот национализам и сепаратизам.