Пакистанската армија негира дека САД стојат зад соборувањето на премиерот Хан

Имран Хан

Пакистанската армија ги отфрли обвинувањата на премиерот Имран Хан дека Соединетите Држави стојат зад неговото соборување по гласањето недоверба во парламентот.

Хан тврдеше дека предлогот поднесен против него на 8 март е дел од „надворешен заговор“, споменувајќи ги Соединетите Држави, што Вашингтон и пакистанските опозициски партии постојано го негираа .

Хан, кој беше сменет на 9 април по гласањето недоверба во Националното собрание на земјата, првично го блокираше предлогот, велејќи дека Советот за национална безбедност го одобрил наводниот заговор.

Портпаролот на армијата, генерал-мајор Бабар Ифтихар, го негираше тоа тврдење.

  • Пакистанскиот парламент ќе гласа за доверба на премиерот Хан

    Ифтихар рече дека армијата го претставила својот став на состанокот и потоа објавила изјава во која јасно се напишани резултатите од состанокот.

    „Можете јасно да видите дали има збор за заговор во таа изјава. Мислам дека не“, рече Ифтихар на прес-конференција.

    Хан го свика состанокот на Националниот совет за безбедност за да сподели писмо со раководството на армијата и другите членови на комитетот за кое тврди дека било испратено од пакистанскиот амбасадор во Соединетите држави.

    Тврдеше дека амбасадорот му пишал дека американски официјален претставник му рекол дека Вашингтон е вознемирен од посетата на Хан на Русија и неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари, денот кога руските сили ја нападнаа Украина.