Српската влада ги иззема прехранбените производи од органско потекло од забраната за извоз на основните земјоделски и прехранбени производи.
„Имајќи ги предвид малите површини каде во Република Србија се одвива органско производство – сектор кој сè уште се развива во Србија, како и фактот што овие производи првенствено се наменети за извоз, се проценува дека ослободувањето од постојната забрана не го загрозува домашниот пазар и прехранбената безбедност на населението“, се наведува во соопштението на српската Влада.
Прехранбени производи од органско потекло се оние кои се произведуваат на органски, природен начин, поточно без употреба на вештачки средства во производниот процес – пестициди, хербициди, вештачки минерални ѓубрива и разни хемикалии и без употреба на ГМО (генетски модифицирани организми).