Гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Противпожарни екипи со возила се на терен и го гасат пожарот. Нема повредени, но се евакуираат жителите од околните објекти, потврдија од МВР.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и дополнители возила за гасење на пожарот.
Огнот зафатил и пластични материјали што предизвикува густ црн чад во центарот на Скопје.
Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во Центарот за Управување со Кризи и веднаш е интервенирано.
Од Противпожарната единица на Град Скопје потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.
Изминатиов период просторот кај „Треска“ е актуелен во јавноста поради новите зради кои таму треба да се градат.