УНХЦР - Речиси пет милиони Украинци ја напуштиле својата земја

Бегалци од Украина во Полска

Речиси пет милиони Украинци ја напуштиле својата земја, откако Русија започна инвазија на Украина пред 50 дена, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ОН, УНИХЦР.

Новата статистика објавена на 14 април од УНХЦР покажува дека 4.736.471 Украинци ја напуштиле земјата поради војната, што е за 79.962 повеќе од претходниот ден.

ОН соопштија дека 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца, бидејќи украинските власти им забранија на мажите на воена возраст да ја напуштат земјата.

ОН на 5 април соопштија дека околу 7,1 милиони луѓе се внатрешно раселени во земјата поради војната.

Најголем дел од оние кои ја напуштиле Украина заминале во Полска, која прими околу 2,69 милиони бегалци, а потоа следува Романија со околу 716.797 бегалци кои влегле на нејзина територија.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари.