Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен-Галиште е во втора фаза и пријавени се девет понудувачи. Тој изрази надеж дека тендерот успешно ќе заврши и дека конечно ќе биде избран изведувач.
Премиерот изјавата ја даде на економскиот форум организиран од „Finance Think“.
Проектот Чебрен - Галиште се смета за еден од стратешките проекти во македонскиот енергетски сектор, но во изминатите години имаше неколку неуспешни тендери.
Изградбата на хидроцентралата Чебрен се проценува дека би чинела меѓу 600 и 800 милиони евра, но овие се проценки од пред почетокот на енергетската криза. Според најповолното сценарио, оваа електрана треба да произведува над 1000 гигават часа струја годишно, што е речиси колку сите други хидроцентрали заедно.
За справување со енергетската криза Владата досега потрошени 170 милиони евра, што е 20 до 30 отсто од тоа колку би чинела изградбата на хидроелектраната Чебрен Галиште.